Описание
- Режими на Работа
- CPAP
- S
- T
- ST со опционално iBR
- PAC
Оперативниот притисок во режимите на работа: CPAP, S, T и ST e од 2 до 25см. воден столб.
Оперативниот притисок во режимот на работа PAC е од 4 до 20см. воден столб.
- За индивидуализирање на терапијата според потребите на секој пациент, ResMed нуди иноватитивен збир од технологии наречен IntelligentAir, во кој се вклучени следните функции:
– Intelligent Backup Rate – Интелигентна честота на дишењето
Им дава на пациентите максимална можност да го активират вентилаторот. Функцијата се вклучува само доколку има потреба од дополнителни задолжителни вдишувања, со цел честотата на дишењето да ја достигне зададената вредност.
– Vsync
Овозможува одлична синхронизација помеѓу пациентот и вентилаторот, дури и при појава на значително истекување од маската. Внимателно анализирајќи ги природните механизми на истекување на воздух од маската, технологијата Vsync на ResMed многу точно и прецизно ги компензира динамичните, нестабилни истекувања, доставувајќи го точниот проток во вистинското време. На тој начин, синхронизацијата пациент – уред е загарантирана во текот на целата тераписка сесија, обезбедувајќи оптимално ниво на удобност на пациентот во услови на максимално сигурна терапија. Кога Vsync детектира ненадејна и голема промена во протокот на воздухот кој истекува, стандардниот интервал од 10 секунди за проверка на истекувањето, се намалува на 2 секунди. Тоа овозможува веднаш да се направи ресинхронизирање со пациентот – најчесто во рамките – во зависност од обемот на воздухот кој што истекува. По повторното воспоставување на синхронизацијата со пациентот, временскиот интервал за проверка на истекувањето повторно се враќа на почетната вредност од 10 секунди. Без технологијата Vsync, резултатот би бил различен. Зголемениот проток од истекувањето може да биде погрешно интерпретиран како вдишување на пациентот, што ќе ја зголеми веројатноста да се пропушти активирањето од EPAP на IPAP, надвор од границите на синхронизаторот со реалната моќ на пациентот. Ова исто така може да ја намали моќноста на вентилаторот за циркулирање на дишењето на пациентот.
- Vsync
Систем за синхронизација со пациентот
– Ti Control
Оваа функција дозволува задавање на минимални и максимални вредности на секоја страна од идеалното време на вдишување на пациентот со цел да се поттикне спонтаното дишење.
– Trigger и Cycle
Помага за оптимизирање на терапијата според состојбата на пациентот користејќи 5 степени на поддесување
– QuickNav
Фунција за лесно поддесување на терапијата. Со две притискања на копчето „Home” на уредот, лесно може да се премине од менито за подесување кон екранот за мониторинг, за брза и лесна промена или проверка на подесувањето.
– Автоматска контрола на навлажнувањето
Со користење на навлажнувачот HumidAir и цевката за затоплување ClimateLineAir, Lumis овозможува автоматско навлажнување – без потреба од дополнителна промена на подесувањата или навигација во сложени менија.
- Дополнителни функции
– Постојаната контрола над истекувањето гарантира сигурна достава на терапевтски притисок, поддржувајќи синхронизација помеѓу пациентот и уредот.
– Компатибилен со применување на дополнителен кислород до 15 L./min. во S и CPAP режим и до 4 L./min. во VAuto режим.
– Вградениот сензор за светлина се прилагодува на осветлувањето во просторијата. Доколку имате потреба да станете во текот на ноќта, позадинското светло на екранот нема да го вознемири Вашиот партнер. Покрај тоа, светлата се исклучуваат автоматски за мирно да уживате во спиењето.
– Можност за далечински мониторинг на терапијата преку системот AirView. LUMIS 100 ST има вградена Sim картичка, којашто овозможува податоците од терапијата да бидат префрлени на сервер во облакот (cloud), а со тоа да бидат достапни и од далечина. На овој начин Вашиот лекар може лесно да ја следи Вашата терапија во реално време, и доколку е потребно може да ги промени подесувањата за терапијата за да обезбеди оптимален ефект од употребата на апаратот. Системот за комуникација од далечина на апаратот со лекарот се нарекува AirView и е потполно бесплатна функција за бугарскиот пазар. Единствениот услов за системот да работи е, местото на коешто се користи апаратот да има покриеност од оператор на мобилна мрежа. Услугата може да се активира само со согласност од страна на корисникот.