Автоматски BiLevel апарат ResMed AirCurve 10 Vauto

117,320.00 ден

AirCurve 10 VAuto е BiLevel уред, кој во својот Vauto алгоритам ги комбинира удобноста на AutoSet алгоритмот и EasyBreathe технологијата, за да помогне во третманот на пациентите со комплицирани состојби на опструктивна ноќна апнеа.

Категория: Етикети: ,

Описание

  • Режими
    Auto Bilevel
    Bilevel S
    CPAP
    AutoSet алгоритам за регулирање на притисокот

Иновативниот и патентиран AutoSet алгоритам на ResMed прецизно го регулира терапевтскиот притисок на „здив-по-здив“ основа, за да одговори на личните потреби на секој корисник, за време на терапијата. Како резултат, корисниците го добиваат најнискиот можен терапевтски притисок неопходен за една ефективна и удобна терапија. Одржувањето на најнискиот можен терапевтски притисок обезбедува максимално природно чувство за време на терапијата и ја гарантира нејзината ефективност при исклучително високо ниво на удобност. Откако ќе заспиете и притисокот треба да биде регулиран, Вашиот AutoSet уред одговара на три различни параметри базирани на степенот на блокирање на воздушниот проток, што довел до апнеата: ограничување на протокот на вдишување, `рчење и апнеа. Откако ќе биде регистрирано блокирање на респираторниот проток, AutoSet уредот започнува да го зголемува притисокот за да го минимизира ризикот од апнеа. AutoSet уредот го оценува и регулира терапевтскиот притисок според средната вредност на последните три респираторни циклуси.

  • Систем за синхронизирање со пациентот Vsync

Внимателно анализирајќи ги природните механизми на истекување на воздух од маската, технологијата Vsync на ResMed многу точно и прецизно ги компензира динамичните, нестабилни истекувања, доставувајќи го точниот проток во вистинско време. На тој начин, синхронизацијата пациент – уред е загарантирана во текот на целата тераписка сесија, обезбедувајќи оптимално ниво на удобност на пациентот во услови на максимално сигурна терапија.
Кога Vsync детектира ненадејна и голема промена во протокот на воздух кој истекува, стандардниот интервал од 10 секунди за проверка на истекувањето, се намалува на 2 секунди. Тоа овозможува веднаш да се направи ресинхронизирање со пациентот – најчесто во рамките – во зависност од обемот на воздухот кој што истекува. По повторното воспоставување на синхронизација со пациентот, временскиот интервал за проверка на истекувањето повторно се враќа на почетната вредност од 10 секунди. Без технологијата Vsync, резултатот би бил различен. Зголемениот проток од истекувањето може да биде погрешно интерпретиран како вдишување на пациентот, што ќе ја зголеми веројатноста да се пропушти активирањето од EPAP на IPAP, надвор од границите на синхронизаторот со реалната моќ на пациентот. Ова исто така може да ја намали моќноста на вентилаторот за циркулирање на дишењето на пациентот. Vsync работи во директна врска со функцијата TiControl, за да гарантира долготрајна синхронизација на уредот со пациентот, дури и во услови на големо и ненадејно истекување на воздух од маската. TiControl е функција која што им дозволува на специјалистите да го контролираат времето на вдишување во зависност од фазата на заболувањето и индивидуалните потреби на пациентот.
Далечински мониторинг
(бесплатно за Бугарија)

За прв пат ResMed нудат можност за следење на BiPAP терапијата, од далечина. AirCurve 10 S има вградена Sim картичка, којашто овозможува податоците од терапијата да бидат префрлени на сервер во облакот (cloud), а со тоа да бидат достапни и од далечина. На овој начин Вашиот лекар може лесно да ја следи Вашата терапија во реално време, и доколку е потребно може да ги промени подесувањата за терапијата за да обезбеди оптимален ефект од употребата на апаратот. Системот за комуникација од далечина на апаратот со лекарот се нарекува AirView и е потполно бесплатна функција за бугарскиот пазар. Единствениот услов за системот да работи е, местото на коешто се користи апаратот да има покриеност од оператор на мобилна мрежа. Услугата може да се активира само со согласност од страна на корисникот.

  • Дополнителни Функции

– Компатибилен со применување на дополнителен кислород до 15 L./min. во S и CPAP режим и до 4 L./min. во VAuto режим.
– Вградениот сензор за светлина се прилагодува на осветлувањето во просторијата. Доколку имате потреба да станете во текот на ноќта, позадинското светло на екранот нема да го вознемири Вашиот партнер. Покрај тоа, светлата се исклучуваат автоматски за мирно да уживате во спиењето.

0

Start typing and press Enter to search

Автоматски BiPAP апарат RESmart