Описание
Со Quattro FX, „помалку е повеќе“! Модерниот дизајн на маската е дискретен и покрива помал дел од лицето на корисникот. Quattro FX нуди помал број на допирни точки со лицето, флексибилно Spring Air перниче и рамка, како и специјален систем за поставување и брзо и лесно регулирање.
Целосните димензии и дизајнот на маската се идеални за корисници кои предпочитаат да спијат на страна, со непречено видно поле и помалку допирни точки со лицето. Оваа маска доаѓа со Spring Air технологија, којашто овозможува перничињата и рамката да бидат реактивни и флексибилни, додека истовремено се обезбедува и стабилна потпора.
Quattro FX вклучува:
– Вграден вентилациски дизајн за распрскување на издишаниот јаглерод диоксид
– Соединувач со 360-степенска ротација, помеѓу маската и цевката
– Ротирачка цевка
– Ремен за глава со механизам лесен за регулирање
Помал број на допирни точки со лицето
Целосниот дизајн на Quattro FX помага во создавањето на оптимално ниво на безбедност за време на терапијата, без да се користи потпора за челото.
Елимирањето на потпората за чело значи помал број на допирни точки и крај на црвените траги на Вашето лице! Без потпората за чело може да се насладите на непреченото видно поле додека гледате телевизија или читате книга пред спиење.
Технологија Spring Air
Оваа технологија придонесува за создавање на систем за лесно поврзување на рамката и перничето. Овие два составни дела на маската плус контурниот ремен за глава, работат заедно со цел да овозможат аголна регулација, со што потпората за чело останува високо над челото. Стабилноста на конструкцијата помага за рамномерно разпределување на притисокот околу лицето во акомодација со движењата на пациентот.
Двослојно Spring Air перниче
Ѕидовите на перничето се составени од внатрешен помошен слој, кој функционира како стабилизатор, и помека надворешна мембрана која ја намалува можноста за истекување и повредување поради високиот притисок. Кога воздухот поминува преку перничето, надворешните мембрански цилиндри се надувуваат околу носот наместо да се растегуваат врз него.