За Нас
АДАПТ БГ ЕООД е специјализирана компанија за помошни средства за деца и возрасни со специјални потреби, апарати за кислородна терапија, апарати за терапија на ноќна апнеа, медицинска и болничка опрема, ортопедски помагала и опрема за обезбедување на достапна средина.
Повеќе од 7 години АДАПТ БГ нуди иновативни решенија за терапевтска, медицинска и болничка опрема и адаптација на околината според специфичните потреби на деца и возрасни со различни здравствени проблеми.
Компанијата поседува 5 изложбени центри и продавници во Софија, Пловдив, Варна, Стара Загора и Бургас, како и онлајн продавници, преку кои може да купувате од секоја локација во Бугарија, Македонија и Романија. Во сите наши продавници можете да добиете компетентна консултација од медицински рехабилитатор, ерготерапевт или техничар и да добиете одговор на сите прашања околу купувањето или користењето на продуктите кои што ги нуди нашата компанија.
Предности
Нашиот млад и абициозен тим се стреми кон максимално најдобра услуга на клиентите, нудиме одлични цени и брза достава. Во нашиот тим работат медицински рехабилитатори, ерготерапевти и кинезитерапевти, кои што можат да ви понудат адекватна консултација во врска со правилниот избор на помошно средство или средство за рехабилитација, ортопедско помагало или друг продукт.
– Најдобра поддршка и услуга – по телефон, чат и емаил
– Тим од обучени експерти на ваше располагање
– Можете да откриете над 2,000 продукти онлајн
– Сертифициран сервис
– Над 7 години искуство
– Работиме 6 дена во неделата
– Бесплатна достава – во рамките на 3-4 дена