Автоматски СРАР апарат RESmart

31,140.00 ден

Најевтиниот автоматски СРАР апарат на компанијата BMC нуди ненадминлив сооднос помеѓу цената и квалитетот.

Описание

Автоматскиот CPAP Апарат на RESmart нуди сигурна работа и регулирање на терапевтскиот притисок во границите претходно зададени од специјалист, за третман на ноќна апнеа.

Апаратот ги оддржува отворени горните дишни патишта, доставувајќи воздух под автоматски регулиран притисок, кој што стигнува до пациентот преку црево и маска (само за носот, за носот и устата или назални перничиња). Овој интелигентен СРАР апарат од новата генерација е погоден како за терапија на Опструктивна Ноќна Апнеа во домашни услови така и за лечење во клинички услови.

  • Функции:

– Автоматско регулирање на терапевтскиот притисок – интелигентен алгоритам за регулирање на терапевтскиот притисок во границите претходно зададени од специјалист.
– Автоматски Start/Stop – апаратот се вклучува во моментот кога ќе биде регистрирано вдишување и се исклучува кога нема вдишување повеќе од 120 секунди.
– Автоматска компензација на истекувањето на воздух од маската.
– Олеснато издишување – терапевтскиот притисок се намалува за до 3 cm. H2O, за време на издишување.
– Вградена меморија – flash меморија + SD картичка на кои се зачувуваат детални информации за последните 30 терапевтски сесии како и сумарни информации за последните 365 дена.
– Лесен преглед на терапевтската информација од изминатата ноќ
– Компензација на надморската висина – апаратот автоматски ја компензира разликата во надворешниот притисок.
– Аларми – при истекување од маската (како последица на нецелосно припивање кон лицето на пациентот) или во случај на инцидентно исклучување на апаратот (поради прекин во напојувањето)
– Рачка за лесно транспортирање

  • Функционален дизајн
    – Позадинско LCD осветлување на екранот, за лесна употреба во затемнета просторија.
    – Осветлени копчиња за управување со опција за блокирање/заклучување.
    – Можност за дополнителна нарачка на Навлажнувач со интегриран дизајн – можете да додадете навлажнувач којшто ќе го затоплува и навлажнува доставуваниот воздух, за уште поголема удобност за време на терапијата.
    – Патентиран „противтежински“ сад за навлажнувачот
    – DC 24V напојувањето и инфрацрвената контрола на навлажнувачот гарантираат удобност и сигурност на корисникот
    – Ниско ниво на бучава

RESmart е сигурен апарат за ноќна апнеа којшто нуди множество фунции кои гарантираат сигурна терапија во текот на ноќта. Апаратот нуди сигурна достава на претходно определен терапевтски притисок, што Ви гарантира мирен и спокоен сон. RESmart се нуди со 2 години гаранција.

  • Гаранција и сервис

Автоматскиот CPAP апарат ResMart има 2 години гаранција. Во случај на технички проблем за време на периодот под гаранција, обврзани сме да Ви доставиме (и подесиме) нов заменски апарат, за да не дојде до прекин на терапијата.

0

Start typing and press Enter to search

CPAP апарат за нокна апнеа