Автоматски CPAP апарат ResMed AirSense 10 AutoSet

70,150.00 ден

AirSense 10 AutoSet е најквалитетниот и најпрецизниот автоматски СРАР апарат на пазарот.

Категория: Етикети: ,

Описание

Произведен е од ResMed (Австралиja) – светски лидер во производството на апарати за третман на ноќна апнеа.
Апаратот овозможува далечински мониторинг, од нас или Вашиот лекар благодарение на 3G услугата на ResMed AirView, којашто е потполно БЕСПЛАТНА за Бугарија!

Автоматскиот CPAP апарат АirSense 10 AutoSet на ResMed е најквалитетниот уред за терапија на ноќна апнеа кој доставува автоматски регулиран терапевтски притисок во текот на целата ноќ, во границите претходно зададени од Вашиот лекар.

Благодарение на неговата тивка и прецизна работа како и големиот број на функции, коишто го олеснуваат заспивањето, aпаратот нуди ненадминлива удобност како за корисникот, така и за неговиот партнер.

AirSense 10 AutoSet започнува со работа автоматски, со избраниот почетен (понизок) притисок и гарантира мирен сон благодарение на иновативниот и клинички докажаниот алгоритам за регулирање на терапевтскиот притисок, во границите претходно дефинирани од Вашиот лекар. По користењето на апаратот лесно можете да видите сумарна информација за терапијата (на дигиталниот дисплеј) што е достапна во реално време и за Вашиот лекар. Доколку има потреба, Вашиот лекар освен што може да ги следи параметрите на Вашата терапија, тој може и да ги менува потребните прилагодувања. Информацијата за терапијата се префрлува преку 3G мрежата на мобилните оператори, базирани на облак (cloud) услуга, потполно бесплатно, и до неа може да пристапи само медицинското лице посочено од Вас.

Иновативниот и патентиран AutoSet алгоритам на ResMed прецизно го регулира терапевтскиот притисок на „здив-по-здив“ основа, за да одговори на личните потреби на секој корисник, за време на терапијата. Како резултат, корисниците го добиваат најнискиот можен терапевтски притисок неопходен за една ефективна и удобна терапија. Одржувањето на најнискиот можен терапевтски притисок обезбедува максимално природно чувство за време на терапијата и ја гарантира нејзината ефективност при исклучително високо ниво на удобност. Откако ќе заспиете и притисокот треба да биде регулиран, Вашиот AutoSet уред одговара на три различни параметри базирани на степенот на блокирање на воздушниот проток, што довел до апнеата: ограничување на протокот на вдишување, `рчење и апнеа. Откако ќе биде регистрирано блокирање на респираторниот проток, AutoSet уредот започнува да го зголемува притисокот се додека не се елиминираат настанатите случувања. AutoSet уредот реагира на фипопнеите (делумно ограничување на протокот) само во случај кога тие се поврзани со блокирање на воздушниот проток. Оние хипопнеи коишто не се поврзани со блокирање на протокот, не можат да бидат третирани со зголемување на терапевтскиот притисок, поради што во тие случаи AutoSet уредот не го променува притисокот. AutoSet алгоритмот е докажан со низа клинички истражувања и во текот на повеќе од 10 години тој е во континуирано процес на развивање, подобрување и усовршување, базирајќи се на веќе докажаните квалитети и предности.

CPAP апаратот AirSense 10 AutoSet нуди извонредно сигурен механизам за одржување на постојан притисок за терапија со што го гарантира успехот на терапијата и брзата адаптација на пациентот. Апаратот е погоден за употреба како во домашна и болничка средина, така и за патување, благодарение на полначот за автомобил, којшто може да се купи дополнително.
Обезбедете максимално ефикасна и точна терапија на ноќна апнеа со апарат и маска од Resmed – фирмата создавач на модерниот СРАР апарат. Од 1981 г. до денес, фирмата Resmed е светски лидер во производство и продажба на СРАР апарати и маски за терапија на ноќна апнеа. Огромниот број на иновации и новитети коишто ги наметнува фирмата, како и нејзиниот иновативен дух е токму она што ја одржува пред конкуренцијата на светско ниво.

  • Карактеристики:

Далечински мониторинг (бесплатно за Бугарија)

За прв пат ResMed нудат можност за следење на BiPAP терапијата, од далечина. AirCurve 10 S има вградена Sim картичка, којашто овозможува податоците од терапијата да бидат префрлени на сервер во облакот (cloud), а со тоа да бидат достапни и од далечина. На овој начин Вашиот лекар може лесно да ја следи Вашата терапија во реално време, и доколку е потребно може да ги промени подесувањата за терапијата за да обезбеди оптимален ефект од употребата на апаратот. Системот за комуникација од далечина на апаратот со лекарот се нарекува AirView и е потполно бесплатна функција за бугарскиот пазар. Единствениот услов за системот да работи е, местото на коешто се користи апаратот да има покриеност од оператор на мобилна мрежа. Услугата може да се активира само со согласност од страна на корисникот.

Подобрена детекција на настани
AirSense 10 AutoSet има можност за детектирање како на Чејн-Стоксово дишење, така и на централна ноќна апнеа. Мал број на апарати за ноќна апнеа имаат вакви прецизни алгоритми за откривање на овие показатели коишто даваат важна информација за состојбата на пациентот. AirView нуди детален и достапен преглед на сите настани и индикатори од изминатата ноќ, месец или година.

– AutoRamp (функција за лесно заспивање)
AirSense 10 Elite располага со иновативна функција за „одложен старт“ на терапијата при помал почетен притисок што го олеснува заспивањето и ја намалува непријатноста. Мошне прецизната способност за детекција, којашто ја поседува AirSense, му овозможува да го детектира точниот момент на заспивање на пациентот и дури тогаш да започне постепено да го зголемува притисокот сѐ додека не ја достигне однапред зададената терапевтска вредност. Оваа функција, уникатна за апаратите на ResMed, го гарантира оптималниот ефект од терапијата, така што не дозволува да дојде до загуба на време без терапија во текот на ноќта, со што гарантира максимална удобност на корисниците.

– Ниско ниво на бучава
Апаратите на ResMed се направени мислејќи не само на пациентот туку и на неговите блиски. Токму од оваа причина тие се најтивките CPAP апарати на пазарот, и со секоја нова генерација се усовршуваат во тој поглед. Една од основните цели на ResMed е да им овозможи на корисниците максимално ниво на удобност и терапија блиска до нормалните услови. Исклучително тивкиот Easy-Breathe мотор, кој може да се спореди со бучавата која произлегува од нормалното дишење, обезбедува мирна околна средина за пациентот и неговиот партнер, овозможувајќи перфектна терапија при минимално ниво на странична бучава.

– Олеснато издишување
Smart алгоритамот на AirSense автоматски го намалува притисокот на воздухот за време на издишување, за да ја направи терапијата поприродна и удобна за корисникот. Опциите за подесување на степенот за олеснето дишење дозволуваат оптимизација на удобноста според личните желби на пациентот и индикациите набљудувани од назначениот лекар. Апаратот го следи природниот циклус на дишење на пациентот и се приспособува според него, за да го минимизира непријатното чувство и да го достави потребниот притисок на најприроден начин. Апаратот реагира во рамките на милисекунди за да го намали непријатното чувство за време на спиењето и да му овозможи на пациентот да се разбуди свеж и одморен следното утро.

– Интегриран навлажнувач (дополнителна опција)
Опционалниот интегриран навлажнувач за подгревање на ResMed – HumidAire му овозможува на пациентот да ужива во терапијата, доставувајќи воздух со влажност и температура оптимални за неговите конкретни желби. Осумте степени за поддесување на навлажнувачот им овозможуваат на корисниците да го изберат точното ниво на затоплување и влажност, удобни за нив во различните фази од терапијата и според различните годишни времиња. Навлажнувачот не е задолжителен компонент на сетот за третман на ноќна апнеа и може да биде порачан дополнително.

– Работа во автомобил
Апаратот може да работи и со полнач за автомобил (дополнителна опција), што го прави погоден дури и за професионални шофери, кои поголем дел од своето време поминуваат на пат.
– SmartStart
Апаратот автоматски започнува со терапија откако ќе го детектира вдишувањето на пациентот во маската. Неколку секунди по симнувањето на маската, терапијата автоматски запира. Ова ја прави терапијата максимално удобна и ја елиминира потребата од притискање на копчиња.

– Функционален дизајн
Лесните за употреба менија и интуитивниот интерфејс, го прават AirSense 10 лесен за навигација и овозможуваат персонализирање на подесувањето за максимална удобност. Големиот LCD дисплеј во боја покажува сумарна информација за терапијата од претходната ноќ, којашто се покажува автоматски по завршувањето на секоја терапевтска сесија и е исклучително важна за оценувањето на резултатите. На дисплејот пациентот може да види колку часа го користел апаратот, апнеа-хипоапнеа индексот, кој најопшто покажува колку пати во еден час, дишењето прекинувало за повеќе од 10 секунди и истекувањето на воздух од маската, што покажува колку таа му одговара на корисникот и дали целосно се припива за лицето. Вградениот сензор за светлина се прилагодува на осветлувањето во просторијата. Доколку имате потреба да станете во текот на ноќта, позадинското светло на екранот нема да го вознемири Вашиот партнер. Светлата се исклучуваат автоматски за мирно да уживате во спиењето.

– Детална статистика со апликацијата MyAir
Уникатната апликација за пациенти MyAir разработена от ResMed дава исклучително детална иформација во врска со CPAP терапијата и сонот на корисникот на апаратот. Потребно е да се регистрирате во апликацијата, што можете да го направите брзо и лесно со следење на инструкциите кои последователно се појавуваат на екранот.

Гаранција и сервис

Автоматскиот CPAP апарат AirSense 10 AutoSet има 3 години целосна гаранција. Во случај на технички проблем за време на периодот под гаранција, обврзани сме да Ви доставиме (и подесиме) нов заменски апарат, за да не дојде до прекин на терапијата.

0

Start typing and press Enter to search