Описание
AirFit F20 – иновација и највисоко ниво на квалитет
- Новото силиконско перниче е конструирано специјално за да ги следи Вашите движења, притоа не загрозувајќи го целосното припивање
- Магнетни клипови кои овозможуваат брза и лесна фискација без дополнителни напори
- Флексибилна рамка која обезбедува оптимално ниво на удобност и слобода на движењата.
- Мекиот ремен за глава им овозможува максимална удобност на корисниците, во текот на ноќта.
Безо и лесно фиксирање
- Иновативниот дизајн на новата маска на ResMed може да одговори на специфичните карактеристики на секое лице
- Висококвалитетното силиконско перниче на AirFit F20 им дозволува на корисниците да се движат слободно, без да се чувствуваат неудобно од непотребното стегање на ремените и истекувањето на воздух од маската
- Иновативното силиконско перниче се припива целосно за лицето, не зависно од формата и специфичните карактеристики на различните лица на корисниците
Испробана и препорачана од пациенти
- По голем број на тестирања и неколку клинички истражувања, резултатите покажаат дека AirFit F20 е прва при избор на маска од страна на СРАР/БиПАП корисниците.
- 86% од корисниците ја предпочитуваат AirFit F20 пред сите останати слични продукти на пазарот.
- По голем број на тестирања се докажа дека моменталните корисници на AirFit F20, ја рангираат маската на прво место во изборот на најудобна маска и маска која најлесно се поставува, од сите останати на пазарот.
Иновативно решение за дамите – кориснички на СРАР / БиПАП апарати
- AirFit F20 For Her е маска специјално наменета за понежниот пол – соодветна на специфичните особености на женското лице
- Помалите димензии и елегантниот ремен со мали димензии гарантираат оптимално ниво на удобност и квалитет на терапијата.