Автоматски BiPAP апарат RESmart GII T-25A

81,780.00 ден

Новиот BiLevel апарат на ВМС им овозможува неинванзивна вентилација на пациентите со респираторен недостиг во домашни и болнични услови.

Категория: Етикети: ,

Описание

Функцијата Ti Min / Ti Max дозволува регулирање на времето на вдишување од страна на Вашиот лекар.

  • Режими:
    – CPAP
    – Auto Bilevel
    – Bilevel S
  • Состојби:
    – ОНА со ХОББ
    – Ноќна апнеја, која не реагира на CPAP терапија
    – Алвеоларна хиповентилација при прекумерена тежина
    – Други
  • Мониторинг: (во реално време)

– Респираторен обем (Vt)
– Респираторна честотоа (Res Rate)
– Минутна вентилација (Min Vent)
– Истекување на воздух от маската (Leak)

  • Карактеристики
    – Брз и лесен за употреба – интуитивното мени е лесно за навигација и промената на параметрите се прави брзо и без дополнителни напори
    – Подесувањето на чувствителноста на сензорите кои овозможуваат удобна индивидуална терапија и индивидуализирање на сесијата.
    – Функција Автоматски Старт / Стоп – кога апаратот детектира вдишување во маската, терапијата започнува. Неколку секунди по симнување на маската, терапијата автоматски се исклучува.
    – Аларм за исклучување – во случај на ненадејно прекинување на терапијата, алармот се вклучува.
    – Аларм во случај на откачување на маската и цевката – апаратот нуди опција за поставување на аларм во случај на прекумерено истекување на воздух од маската или цевката.
    – Автоматско компензирање на истекувањето и надморската висина.
  • Дизајн

Автоматскиот BiPAP апарат GII BMC доаѓа со 3.5 инчен LCD дисплеј во боја, преку кој во реално време можат да се следат терапевтскиот притисок и бранот на протокот, што е особено важно за спроведувањето на квалитетна и максимално ефективна терапија. Апаратот нуди лесни и интуитивни менија и подесувања, а неговите компактни димензии го прават удобен за транспортирање и употреба како во болнички, така и во домашни услови.

Eco Smart Технологија

Опционалниот навлажнувач поседува Eco Smart технологија – систем за затоплување со двослојна заштита на садот, што нуди оптимална контрола на влажноста и температурата. Eco Smart технологијата гарантира затоплување на терапевтската воздушна струја со висока ефективност и ниско ниво на потрошувачка на вода.

1

Start typing and press Enter to search