Описание
Новата серија DeVilbiss Blue (САД) ги користи најиновативните достигнувања во светот на технологијата за мирен сон, за да Ви понуди подобра функционалност, максимална удобност и способност да се набљудува оптимална терапија.
DeVilbiss Blue Auto Plus ги открива и автоматски реагира на настаните во текот на целата ноќ, за да се постигне најдобар можен сон.
Алгоритмот на DeVilbiss Blue поставува нови стандарди во CPAP терапијата.
Подобрена е чувствителноста кон широкиот спектар од респираторни настани, што придонесува за едно ново ниво на прецизност нудејќи најоптимална удобност.
DeVilbiss Blue прави разлика помеѓу опструктивната, централната и мешаната апнеа.
За обезбедување на максимална удобност на пациентот, уредот користи многу иновативни функции како SmartFlex и Flow Rounding. Уште повеќе, за уште поголема удобност DeVilbiss Blue серијата нуди и опционален навлажнувач со иновативна humidfication технологија, користејќи PulseDose функција (пулсно дозирање).
За следење на ефективноста на терапијата од Ваша страна или од Вашиот лекар, DeVilbiss Blue обезбедува лесна врска со CPAP уредот, со помош на безжична Bluetooth врска. Оваа технологија овозможува далечински мониторинг на терапијата и промена на подесувањето на апаратот. Дополнително, SmartCode и SmartCode Rx функциите овозможуваат оптимално управување на терапијата без потреба од модем или интернет конекција.
- Карактеристики
– Детекција на апнеа/хипопнеа која подлежи на регулирање
– Автоматско регулирање на надморската височина до 3000м.
– Одобрен за транспортирање со авион
– Мени достапно на 19 јазици
- Удобност
– Опционален PulseDose навлажнувач
– Проверка на маската
– Опција за промена на цевката
Поврзаност
– SmartCode функција за следење
– SmartCode Rx функција за промена на подесувањата од далечина.
– Bluetooth безжичен модем
- Гаранција и сервис
Автоматскиот CPAP апарат Devillbiss Blue Auto Plus има 2 години гаранција. Во случај на технички проблем за време на периодот под гаранција, обврзани сме да Ви доставиме (и подесиме) нов заменски апарат, за да не дојде до прекин на терапијата.