Описание
- Основни карактеристики
– Детекција на апнеа/хипопнеа која подлежи на регулирање
– Автоматско регулирање на надморската височина до 3000м.
– RAMP-функциja за започнување на терапијата со понизок притисок
– SmartCode функција за следење на состојбата
– Автоматски Старт/Стоп
– Опции за потсетување
– LCD екран
– Опција за работа на батерии
- Гаранција и сервис
Автоматскиот CPAP апарат Devillbiss SleepCube Auto Plus (САД) има 2 години гаранција. Во случај на технички проблем за време на периодот под гаранција, обврзани сме да Ви доставиме (и подесиме) нов заменски апарат, за да не дојде до прекин на терапијата.
- Технологија SmartFlex
Оваа уникатна функција за олеснување на издишувањето овозможува три нивоа на персонализирано намалување на терапевтскиот притисок и шест опции за адаптирање на преминот помеѓу вдишување и издишување, според индивидуалните потреби на корисникот. SmartFlex функцијата го намалува терапевтскиот притисок при издишување за до 3 cm. H2O (во интервали од 1 cm. H2O), овозможувајќи им на корисниците да дишат полесно и поудобно според препишаниот терапевтски притисок. Кога за време на издишување, притисокот опадне, спротивното зголемување до достигање на зададената вредност може да го наруши спиењето. При други слични технологии постои веројатност корисниците да почувствуваат неудобност од преминот и да им се намали удобноста на цена на олеснувањето на издишувањето. Сега, благодарение на шестте SmartFlex опции за подесување, секој корисник може да го адаптира преминот вдишување/издишување на своите лични желби и потреби.
- SmartCode
SmartCode е брз и лесен начин да ги прегледате податоците од Вашата терапија, без да инсталирате специјална апликација. Започнувајќи од денот по Вашата прва терапевтска сесија, CPAP уредот испишува SmartCode порака на LCD екранот. Секоја порака е уникатно криптиран код кој во себе ги содржи резултатите од терапевтската сесија. Преку оваа функција корисникот и неговиот лекар можат лесно да ја увидат врската и компактибилноста на пациентот и терапијата. Периодот за кој што се испишуваат овие кодови може да биде избран од следниве опции:
– 1 ден
– 7 дена
– 30 дена
– 90 дена
– Акумулативно