Описание
Иновативното силиконско перниче на новата маска на ResMed AirFit F20 им овозможува на корисниците оптимална удобност и слобода на движење
Флексибилната рамка на AirFit F20 овозможува непопречено видно поле и безкомпромисно припивање кон контурите на лицето
Ремен со магнети, лесен за употреба – за брзо фиксирање и молскавично вадење на маската
Мекиот ремен за прицврстување за главата, е изработен од текстил и овозможува високо ниво на удобност и поголема слобода на движење за време на терапијата.
Иновативна технологија за лесно и ефективно фиксирање
Во низа клинички истражувања е докажано дека, новото силиконско перниче на ResMed AirFit N20 одговара на потребите на 99.4% од испитаниците, корисници на СРАР / БиПАП.
Благодарение на интуитивниот дизајн на контурите, силиконското перниче на AirFit N20 се припива кон контурите на Вашето лице, без дополнителен притисок или непотребна неудобност.
Движејќи се заедно со Вас за време на терапијата, силиконското перниче на N20 гарантира сигурна фиксираност и максимално ниво на удобност.
Тестирана и препорачана од пациенти
Според едно от пошироките истражувања на ResMed, 92% од корисниците на СРАР ја претпочитаат новата AirFit N20 маска, пред сите останати назални маски кои што можат да се најдат на пазарот.
Благодарение на длабоко-профилната упростена рамка, се поголем број на корисници ја претпочитаат Air Fit N20 како прв избор за терапија.
- AirFit N20 For Her – специјално создадена за понежниот пол
Создадена земајќи ги во предвид специфичните карактеристики на женското лице, AirFit N20 им овозможува на своите кориснички максимална удобност и одлични можности за фискирање.
Благодарение на малите димензии и специјалниот дизајн на ременот за глава, маската гарантира стабилна фиксираност во текот на целата ноќ, без да се намали нивото на удобност.