Концентратор За Кислород DEVILBISS

51,000.00 ден

Концентратор за кислород DeVilbiss Compact 525 произведен во САД.

Описание

За DeVilbiss Healthcare од клучно значење е производството на продукти со највисоко можно ниво на квалитет. Токму поради оваа причина тие инвестираат во нови производствени процеси и иновативни техники на производство. Најновиот концентратор на кислород Compact 525 се произведува во Пенсилванија (САД). Тој е проектиран да одговори на високите барања на пациентите. Compact 525 овозможува регулирање на протокот до 5 литри во минута, со висока концентрација на кислород во сите нивоа. Намалено е нивото на бучава како и потрошувачката на електрична енергија. Концентраторот за кислород Compact 525 ја зголемува удобноста на пациентот и ги намалува трошоците за оддржување.

  • Карактеристики
    – Тивок за време на работа
    – Нов модерен дизајн
    – 3 или 5 години гаранција
    – Индикатори за лесно следење на нивото на кислород
    – Интелигентна технологија која обезбедува помала потрошувачка на електрична енергија при проток до 2.5 л./мин.
    – Визуелна и звучна сигнализација за ниско ниво на кислород, прекин на напојувањете или намалување на притисокот
  • Гаранција

Овој концентратор за кислород има гаранција од 3 или 5 години. Во случај на технички проблем за време на периодот под гаранција, бесплатно ќе Ви биде доставен нов заменски апарат, до отстранување на проблемот, за да не дојде до прекин на терапијата.

0

Start typing and press Enter to search