Описание
- Упростена конструкција
Ова е најлесната и најкомпактната маска за цело лице на ResMed. Иновативниот ремен за глава бара минимално затегнување за маската да се фиксира и припие кон лицето на корисникот. - Мирен сон
Циркуларната дифузна вентилација на маската, нежно го распространува издишаниот воздух далеку, не само од Вас туку и од Вашиот партнер, со што се минимизира негативниот ефект од терапијата и присуството на медицинска опрема во Вашата спална соба.
- Дополнителна удобност
Опционалните меки ременчиња, коишто се поставуваат врз ременот за глава, во зоната точно под очите, придонесуваат за оптимална удобност на корисникот, елиминирајќи ги црвените траги кои ќе ги најдете следното утро, по користење на традиционална маска.
Помала конструкција, поголема функционалност
Уникатната рамка на AirFit F10, ергономски „исечена“ под очите, е конструирана специјално со цел да предложи максимална удобност на традиционалните маски за цело лице на ResMed, без да се користи потпора за чело.
- Лесна за употреба
Ова е досега најлесната за ставање и симнување маска за цело лице на ResMed! Исклучително упростениот механизам за поставување, фиксирање и симнување придонесува за едноставно одржување на маската.