Описание
Карактеристики
– Лесна за употреба и оддржување, само 4 составни дела
– Полесна рамка
– Флексибилна потпора за чело
– Двослојно перниче Spring Air
– Ремен за глава Soft Edge
Соединувач со механизам за лесно ослободувањеМинималистички дизајн – лесно оддржување
Со само 4 составни делови, минималистичкиот дизајн на Quattro Air е лесен за употреба и чистење. Маската се состои од рамка, ремен за главата, перниче и соединувач. Долните ременчиња на ременот за глава брзо и лесно се фиксираат за кукичките коишто се наоѓаат во најдолниот дел на рамката.Рамка и потпора за челото
Олеснатата рамка служи како потпора за перничето истовремено ограничувајќи го притискањето и контактот со лицето. Флексибилната силиконска потпора за чело автоматски се адаптира во соодветната позиција, без да ги користи влошките. Само ременот за глава доаѓа во контакт со челото што гарантира исклучителна удобност.
Технологија Spring Air
Оваа технологија помага во создавањето на системот за лесно поврзување помеѓу рамката и перничето. Двослојниот дизајн го намалува притисокот и го потпомага целосното прилепување кон лицето со повисоко ниво на удобност за мостот на носот. Quattro Air е маска за цело лице и целосното припивање околу устата и носот ја прави исклучително погодна за луѓе кои често пати спијат со отворена уста или за оние кои користат висок терапевтски притисок. Перничето може да се замени за продолжување на животот на маската.
Двослојно Spring Air перниче
Ѕидовите на перничето се составени од внатрешен помошен слој, кој функционира како стабилизатор, и помека надворешна мембрана која ја намалува можноста за истекување и повредување поради високиот притисок. Кога воздухот поминува преку перничето, надворешните мембрански цилиндри се надувуваат околу носот наместо да се растегуваат врз него.
Ремен за глава со меки рабови
Ременот за глава на новата Quattro Air нуди уникатен материјал и чувство на удобност, како и брза адаптација кон специфичните карактеристки на пациентот. Тој е наменет да се носи разлабавено, што му овозможува на перничето рамномерно да го распредели притисокот. Поврзете ги ременот и маската со лесно закачување за кукичките коишто се наоѓаат на двете страни на рамката. Не е неопходно ременот да се подесува при секое користење. Откако еднаш ќе го подесите правилно, доволно е само полека да го закачите ременот и да го поставите на неговото место.
Соединувач којшто се ослободува брзо и вентилационен дизајн
Клучните моменти во новата Quattro Air маска се лесното чистење и монтирање. Целосно ротирачкиот соединувач е во целина со копчињата за брзо ослободување. Многу лесно се става и симнува од рамката на маската. Циркулаторната вентилација е наменета за нежно распрскување на воздушниот проток од пациентот.
Верзија за неа
Quattro Air исто така се нуди и во женска варијанта – ЗА НЕА. Тој модел е специјално конструиран за потребите на корисничките од понежниот пол. Аеродинамичната ергономска верзија на Quattro Air доаѓа со розев ремен за глава, поставен пониско на задниот дел од главата, дозволувајќи им на корисничките да ја собираат својата коса. Помалиот број на допирни точки овозможува поудобно поставување на маската кон лицето и придонесува за поестетски и поприроден надворешен изглед.