Описание
AirMini тежи само 300 грама и го собира во дланка. Со ултра-удобната и стилска торбичка за патување ( дополнителен додаток ), во коjашто можете да ги спакувате вашиот апарат, маска, црево и полнач, вашето патување ќе се претвори во вистинско задоволство.
Уредот нуди исклучително тивка и удобна терапија, којашто е речиси идентична со стандардната автоматска терапија. AirMini работи со дел од најпопуларните маски на ResMed (AirFit N20, F20, P10), уште повеќе, нуди иновативна технологија за навлажнување на воздухот преку специјален филтер за навлажнување.
Алгоритам
AirMini може да работи во стандарден, но и во автоматски режим коjшто, по никакви параметри не отстапува от по-големиеот AirSense 10 Autoset. За време на терапијата, апаратот обезбедува наизменичен притисок, коjшто се зголемува при детектирање на респираторен настан (ноќна апнеа, ограничувања во протокот или `рчење) а се намалува при нормално дишење, за да овозможи максимална удобност за време на спиењето и сигурна контрола преку специјалната AirMini апликација!
Функции
– Ramp – постепено зголемување на притисокот за лесно заспивање
– EPR- олеснет начин на издишување со помош на намалување на притисокот
– Auto Start/Stop- автоматско иницирање на терапија при детектирано вдишување.
AirMini е комбинација на минималистички дизајн и сигурноста на, низ годините докажаниот алгоритам на ResMed уредите, користејќи ги сите предности на AirSense 10.
Сигурна контрола и управување
Уредот е лесен и едноставен за подесување и манипулација, преку апликацијата AirMini (достапна за iOS и Android), којашто се инсталира на Smart уред – телефон или таблет. Апликацијата обезбедува пристап до записот од секоjа последна терапевтска сесија, како и до сите податоци од последните 30 дена.
HumidX
Систем за навлажнување на воздухот – Иновативниот пристап на ResMed кон системот за навлажнување AirMini, е изразен преку развојот на една сосема нова технологија за навлажнување на воздухот за целите на CPAP терапијата. Напорите на компанијата во потрага по максимално компактен систем за навлажнување доведоа до промена на стандардниот систем со целосно нов систем за навлажнување на воздухот, базиран на филтер, којшто ја користи влажноста излачена при издишување.
Маски
Компатибилни со AirMini
– AirFit N20
– AirFit F20
– AirFit P10 – AirTouch F20 Во сетот се вклучени :
– CPAP Аредот
– Полнач
Дополнителна опрема:
– Компактна торбичка за транспортирање
– Маска
– Филтер за влажност
– Црево за кислород
– Тврда заштитна футрола
– Механизам за закачување на кревет/ ѕид/ ноќна масичка