Описание
Ултра тивка
Новиот револуционерен систем за вентилација QuietAir, Ви овозможува да уживате во најтивката можна средина за време на Вашето спиење. Со своите 21.4 dB, AirFit P10 е најтивката маска на ResMed.
Брзо и лесно фиксирање на ременот за глава
Ставањето на маската, во поголемиот број на случаи, одзема помалку од 30 секунди. Ременот за глава се прилагодува брзо и лесно, без дополнителни напори. Мекиот фиксатор на маската е истовремено доволно стабилен за да ги задржи перничињата во правилната позиција, но и исклучително удобен во контакт со лицето и главата на корисникот.
Двослојни перничиња
Назалните перничиња се конструирани со двослојни клапи, со подобрена поддршка и удобност. Флексибилните перничиња на P10 се конструирани на тој начин што е овозможено да „се движат“ заесно со Вас. Тие се припиваат на ноздрите и нежно „испуштаат“ воздух во носот, следејќи го секое движење без да се наруши фиксираноста.
Перничиња во три големини
Секој комплет на P10, вклучува перничиња од три различни големини – S, M и L, со цел да се задоволат потребите на сите корисници. Секое перниче е означено и лесно за ставање, вадење и одржување.
Исклучително лесна
Р10 тежи едвај 45 грама, со што се вбројува во најлесните маски во светот. Нејзиниот минималистички дизајн ги елиминира клаустрофобичните елементи на терапијата и за разлика од претходно, го прави чувството на носење CPAP маска далеку поприродно и нетрауматично.