Описание
Лесна за употреба: клиповите коишто сами се подесуваат на ременот за глава, го прават ставањето и симнувањето на маската исклучително лесно и брза. Составена од само три основни дела и во комбинација со силиконското перниче кое лесно се поставува, новата маска на ResMed е исклучително лесна за фиксирање, чистење и оддржување.
Удобност при носење: мекото силиконско перниче Spring Air, ергономскиот ремен за глава SoftEdge и опционалните меки ременчиња, допринесуваат да се постигне едно сосема ново, повисоко ниво на удобност. Отворите за дифузната вентилација, поставени во сооднос со циркулацијата на воздухот, придонесуваат да се создаде една оптимална околна средина за време на спиењето, како за корисникот така и за неговиот партнер.
Непречено видно поле: рамката, ергономски „исечена“ под очите, има минимален контакт со лицето и не бара користење на потпора за челото. На тој начин вашето видно после останува непречено, што Ви овозможува непречено читање, гледање телевизија или носење очила.
Целосно припивање: двата слоја на силиконското перниче се специјално конструирани за да обезбедат оптимално припивање кон Вашето лице, дури и кога се движите во текот на ноќта. Дополнителната флексибилна цевка, која е интегрирана директно во рамката, им дава дополнителна слобода и природност на важите движења во текот на ноќта, без да влијае на фиксираноста.