Описание
Концентраторот му овозможува целосна слобода на корисникот, благодарение на исклучително компактните димензии, моќната батерија и иновативната технологија која му овозможува 24 часа континуирана работа, дури и за време на полнење (стандардно или во автомобил).
Издржлив
Концентраторот за кислород Inogen G4 поседува издржлива 4 јадрена батерија. Опционално, апаратот може да биде нарачан и со 8 јадрена батерија, која овозможува два пати подолго работење, без полнење, во било кој од трите режими на работење!
– Режим 1 (1л/мин) – 2 ч 40 мин / 5 ч 20 мин
– Режим 2 (1л/мин) – 2 ч 15 мин / 4 ч 30 мин
– Режим 3 (1л/мин) – 1 ч 20 мин / 2 ч 40 мин
Интелигентен
G4 работи со интелигентна технологија за ритмично доставување на концентриран кислород, до 3 литри во минута. Концентраторот поседува прецизен алгоритам за детектирање на секое вдишување, и обезбедува доволно кислород во рамките на 400 милисекунди од моментот на земање на здив – исклучително важно за правилна размена на гасовите во организмот. Апаратот го детектира и забрзаното дишење, по што доставува онолку кислород колку што му е потребно на пациентот. При зголемена физичка активност, апаратот доставува помали дози кислород во пократки интервали, додека за време на спиење дозите се поголеми но се ослободуваат побавно, за максимално најдобро задоволување на енергетските потреби на корисникот.
Дискретен
Исклучително компактните димензии и тивкиот режим на работа, го прават G4 еден од најдискретните и најнезабележителни концентратори за кислород на пазарот, погоден за користење како на отворено, така и во затворени простории. Преносливиот концентратор за кислород G4 има димензии 15х18х7цм и тежи 1.2кг. Со ниво на бучава од околу 40 децибели, апаратот не е погласен од нормален разговор.
Безбеден
Преносливиот концентратор за кислород Inogen G4 предлага максимално прецизна и безбедна работа, благодарение на квалитетните составни компоненти, како и на алармниот систем кој предупредува во случај на намалена концентрација на кислород или недостиг на воздух.
Стандардна опрема
– Концентратор за кислород Inogen G4
– Стандарден полнач
– Полнач за автомобил
– Батерија
– Упатство за работа
– Назална канула
– Торба со прерамка за удобно носење