Описание
Компактните димензии и тежнината ( во комбинација со практичната торба и телескопската рачка на тркала) го прават Zen-O најдобар избор за на пат.
Иако Zen-O тежи само 4,6 килограми, тој може да работи постојано до 4 часа, или 8 (со дополнителна батерија), предлагајќи ритмичен но и континуиран поток (до 2л / мин) на концентриран кислород до пациентот.
Технологија
По преработување на водухот, Zen-O синтетизира чист концентриран кислород. Уредот ги одделува кислородните молекули користејќи атомско сито и јазли со зеолит кои што периодично треба да се менуваат. Уникатната технологија на концентраторот му овозможува да го детектира забрзаното дишење на пациентот, и автоматски да го зголеми количеството на доставен кислород – функција којашто не ја поседува ниту еден друг концентратор за кислород.
Безбедност
Преносливиот концентратор за кислород Zen-O поседува различни аларми, кои го предупредуваат пациентот за:
- Ниско ниво на батериja
- Недостиг на воздух
- Намалена концентрација на кислород
Во случај на технички проблем за време на периодот под гаранција, бесплатно ќе Ви биде доставен нов заменски апарат, до отстранување на проблемот, за да не дојде до прекин на терапијата.