Описание
Кробер O2 e концентратор за кислород за домашна употреба, со капацитет за синтетизирање на чист кислород до 6 литри во минута при маскимална концентрација на кислород од 95%. Концентраторот го извлекува кислородот од просторијата и го доставува до пациентот во концентриран вид со помош на цевка за спроведување на воздухот и назална канила.
Апаратот работи на струја и не се полни со кислород туку го произведува.
Кробер О2 е еден од најтивките и најекономичните апарати на пазарот со способност за 24 часовна работа, 7 дена во неделата.
Инивативниот пристап кон фискирањето на компресорот за телото на уредот со помош на комплексен систем од пружини и тампони во комбинација со одличната изолација на бучавата, ги ограничуваат сите вибрации и бучава до 35dB.
Прецизната германска изработка на самиот компресор пак му овозможува да ја достигне саканата концентрација на кислород за само неколку минути (од вклучувањето) како и ненадмината енергетска ефективност при моќност од 300W.
Комплексната структура на овој концентратор на кислород му овозможува да го преработува атмосферскиот воздух од просторијата во којашто се наоѓа, и да произведе чист, концентриран кислород, благодарение на цевките со зеолит коишто се вградени во самиот апарат заедно со висококвалитетното молекуларно сито, кое по принципот на апсорбирање за време на променлив притисок, ги одвојува кислородните и азотните молекули.
Терапија со концентратор (или шише) за кислород се препорачува на пациенти со намалена сатурација како последица на белодробни или срцеви заболувања.
- Функционален дизајн
Кробер О2 располага со тркалца и долг кабел за напојување, како и рачка која што го олеснува неговото преместување од една во друга просторија. Апаратот може да се користи и со 5 метри долга канила, што дозволува да биде позициониран и во соседна просторија или подалеку од пациентот, во случај на потреба од целосна тишина во текот на ноќта.
Дизајнот на апаратот овозможува лесен пристап до филтрите и осигурувачот на апаратот што ја олеснува нивната промена.
Интуитивниот интерфејс и лесните нагодувања дозволуваат секој да може брзо и лесно да ги промени параметрите на терапијата и во домашни услови, без потреба од дополнителна обука.
- Состојби
– ХОББ (Хронична опструктивна белодробна болест)
– Оток на белите дробови
– Тумор / рак кој ја засега белодробната структура
– Белодробно срце – пулмонална хипертензија или масовна пулмонална емболија
– Миокарден инфаркт
- Вклучено во цената
– Концентратор за кислород Krober O2
– Навлажнувач
– Назална канила
– Бактерициден филтер
– Филтер за прашина и фини честички
- Гаранција
Овој концентратор за кислород е фабрички рециклиран и има 2 години целосна гаранција. Во случај на технички проблем за време на периодот под гаранција, бесплатно ќе Ви биде доставен нов заменски апарат, до отстранување на проблемот, за да не дојде до прекин на терапијата.