BiLevel апарат ResMed AirCurve 10 S

132,100.00 ден

BiPAP апаратот на ResMed AirCurve 10 S е идеалното решение за пациентите кои страдаат од ноќна апнеа или имаат потешкотии со адаптирањето на терапијата со континуиран позитивен притисок, како и за оние кои имаат потреба од дополнитен притисок како поддршка.

Категория: Етикет:

Описание

Благодарение на исклучително прецизниот и тивок мотор, пациентите можат да уживаат во бескомпромисниот квалитет на терапијата при услови на оптимално ниво на удобност.

Апаратот нуди можност за работа со иновативната функција TiControl™, која дозволува контрола на времето за респирација.

Опцијата Ti Max Ви дозволува да зададете максимално време за вдишување, за да се намали ризикот од внатрешен експираторен притисок или пропуштање на напори за дишење од пациентот. Ti Min обезбедува адекватно време за обмена на гасовите без да има потреба од зголемување на подесувањето за притисокот.

Подесување на чувствителноста преку опциите Trigger и Cycle. Променливото подесување на чувствителноста на функцијата trigger им помага на пациентите со слаба моќ на вдишување. Подесувањето на опцијата cycle е исклучително важна за пациентите кај кои постои ризик од внатрешен експираторен притисок или предвремен инхалаторски циклус.

EasyBreathe формата на бранот на притисокот ја имитира формата на бранот на нормалното дишење, што се одразува на нивото на Вашата удобност.

Далечински мониторинг
За прв пат ResMed нудат можност за следење на BiPAP терапијата, од далечина. AirCurve 10 S има вградена Sim картичка, којашто овозможува податоците од терапијата да бидат префрлени на сервер во облакот (cloud), а со тоа да бидат достапни и од далечина. На овој начин Вашиот лекар може лесно да ја следи Вашата терапија во реално време, и доколку е потребно може да ги промени подесувањата за терапијата за да обезбеди оптимален ефект од употребата на апаратот. Системот за комуникација од далечина на апаратот со лекарот се нарекува AirView и е потполно бесплатна функција за бугарскиот пазар. Единствениот услов за системот да работи е, местото на коешто се користи апаратот да има покриеност од оператор на мобилна мрежа. Услугата може да се активира само со согласност од страна на корисникот.

Climate Control – (Опција за затоплување и навлажнување на воздушната струја)
Благодарение на опцијата за интегриран навлажнувач HumidAire, можете да уживате во удобноста која ја нудат затоплувањето и навлажнувањето на воздушната струја, за поприродно чувство за време на терапијата. Преку опционалната ClimateLine 10 цевка, можете дури и да ја зададете точната температура на воздушната струја, за дополнителна удобност.

  • Функции

– CPAP
– S
– Easy Breath технологија
– TI контрола
– Trigger и Cycle
– Climate Control (Auto)
– Vsync контрола на истекувањето
– Вградено безжично поврзување

  • Vsync
    Систем за синхронизирање со пациентот

Внимателно анализирајќи ги природните механизми на истекување на воздух од маската, технологијата Vsync на ResMed многу точно и прецизно ги компензира динамичните, нестабилни истекувања, доставувајќи го точниот проток во вистинското време. На тој начин, синхронизацијата пациент – уред е загарантирана во текот на целата тераписка сесија, обезбедувајќи оптимално ниво на удобност на пациентот во услови на максимално сигурна терапија. Кога Vsync детектира ненадејна и голема промена во протокот на воздухот кој истекува, стандардниот интервал од 10 секунди за проверка на истекувањето, се намалува на 2 секунди. Тоа овозможува веднаш да се направи ресинхронизирање со пациентот – најчесто во рамките – во зависност од обемот на воздухот кој што истекува. По повторното воспоставување на синхронизацијата со пациентот, временскиот интервал за проверка на истекувањето повторно се враќа на почетната вредност од 10 секунди. Без технологијата Vsync, резултатот би бил различен. Зголемениот проток од истекувањето може да биде погрешно интерпретиран како вдишување на пациентот, што ќе ја зголеми веројатноста да се пропушти активирањето од EPAP на IPAP, надвор од границите на синхронизаторот со реалната моќ на пациентот. Ова исто така може да ја намали моќноста на вентилаторот за циркулирање на дишењето на пациентот. Vsync работи во директна врска со функцијата TiControl, за да гарантира долготрајна синхронизација на уредот со пациентот, дури и во услови на големо и ненадејно истекување на воздух од маската. TiControl е функција која што им дозволува на специјалистите да го контролираат времето на вдишување во зависност од фазата на заболувањето и индивидуалните потреби на пациентот.

  •   Дополнителни Функции

– Компатибилен со применување на дополнителен кислород до 15 L./min. во S и CPAP режим и до 4 L./min. во VAuto режим.
– Вградениот сензор за светлина се прилагодува на осветлувањето во просторијата. Доколку имате потреба да станете во текот на ноќта, позадинското светло на екранот нема да го вознемири Вашиот партнер. Покрај тоа, светлата се исклучуваат автоматски за мирно да уживате во спиењето.

0

Start typing and press Enter to search