Описание
NOX T3 се претвора во прв избор за широк спектар на намена, вклучително и ноќна апнеа, PLMS, бруксизам и други. Ергономскиот дизајн на уредот заштедува време за инсталација кај пациентот и гарантира максимална удобност на корисниците и го елиминира ризикот од неуспешно или некомплетно запишување и проучување на податоците.
Безжични сензори за неограничени можности!
NOX T3 корсити Bluetooth технологија, за да создаде безжична зона на употреба, зголемувајќи го нивото на удобност кај пациентот. Оваа технологија заштедува време и ресурси, гарантирајќи успешно и точно испитување.
Аудио репродукција – нови нивоа на клиничките истражувања!
NOX T3 поседува вграден микрофон, способен да ги запишува звуците со одличен квалитет. Таа функција им овозможува на специјалистите да го репродуцираат аудио записот заедно со другите запишани сигнали, на тој начин издигнувајќи ја медицината на сонот на едно сосема ново ниво.
Лесно подесување – брзо и лесно поставување
- Прицврстете го NOX уредот за блузата/мајцата на пациентот.
- Фиксирајте го градниот ремен кон уредот
- Фиксирајте го абдоминалниот ремен кон уредот
- Фиксирајте го абдоминалниот ремен кон стомачниот кабел
- Прикачете го оксиметарот
- Ставете ја назалната канула