Описание
‘РЧИТЕ? СЕ БУДИТЕ ИЗМОРЕНИ? СТРАДАТЕ ОД УТРИНСКИ ГЛАВОБОЛКИ?
ApneaLink е иновативен уред за скрининг и рано откривање на ноќна апнеа, во домашни услови. Уредот е наменет за анализа на пациенти коишто се изложени на ризик од Опструктивна Ноќна Апнеа (ОНА).
Само една ноќ спиење со уредот е доволна за идентификување на заболувањето.
Што мери ApneaLink?
1. Дишење – уредот го мери респираторниот проток (бројот и честотата на вдишувањата) како и епизодите на апнеа, хипопнеа и ограничување во протокот;
2. Напори на градите – се мерат напорите за дишење, со цел класификација на апнеите како опструктивни или централни;
3. ‘Рчење – се запишува силата и честотата на ‘рчењето;
4. Сатурација– Заситеноста на кислород во крвта;
5. Пулс – Се мери пулсот во текот на целата вечер.
ApneaLink ги мери сите основи параметри за докажување на постоењето на ноќна апнеа. Користењето на ApneaLink е исклучително лесно и секој може самостојно да го администрира скринингот на спиењето, во домашни услови.
Како работи ApneaLink?
Еден од најважните индикатори на заболувањето е недостигот на дишење, 10 или повеќе секунди, за време на спиење – честопати станува збор за доста подолги паузи кои можат да варираат и да достигнат дури и повеќе од една минута. Не/присуството на овој симптом се детектира користејќи назална канула, која се поставува во ноздрите на корисникот, и го детектира воздушниот проток. За точно одредување на типот на апнеата ( може да биде опструктивна или централна ), уредот ги мери движењата на градите, со помош на ременот.
Подолготраен недостиг на дишење води до десатурација – намалување на заситеноста на крвта со кислород. Тоа е дополнителен признак за постоењето на заволувањето, којшто лесно се воочува со помош на пулс-оксиметар – уред којшто се поставува на прстот на корисникот и ја мери заситеноста на крвта со кислород, со користење на инфра црвени зраци.
Како се користи ApneaLink?
По една ноќ спиење со уредот (или најмалку 4 часа) запишаните податоци се симнуваат на компјутер и автоматски се анализираат од специјализиран медицински софтвер на Resmed.
1. Ставете ги батериите во уредот (ако не се поставени);
2. Позоционирајте го уредот на градите и прицврстете со еластичниот ремен;
3. Поврзете ја назалната канула со апаратот, и ставете ја во ноздрите (поминувајќи зад ушите);
4. Поврзете го пулс оксиметарот со апаратот и ставете го на Вашиот прст;
5. Притиснете го копчето коешто се наоѓа во средината на уредот (околу 3 секунди додека да се појави зелена светлина).
При изнајмување на скрининг уред ApneaLink за домашна употреба, ќе добиете детални видео инструкции по емаил, како и инструкции на самото место, од нашите обучени консултанти. Пред да започне да запишува, апаратот се исполнува со самодијагностика при која се проверува дали сите сензори се поврзани правилно, и доколку воочи проблем, соодветниот сензор ќе биде означен со црвена светлина.
Каков е резултатот од истражувањето?
По една ноќ спиење со уредот (или најмалку 4 часа) запишаните податоци се симнуваат на компјутер и автоматски се анализираат од специјализиран медицински софтвер на Resmed.
Резултатот од оваа анализа е извештај во кој се сумираат информациите собрани во текот на претходната ноќ. Најважниот дел од овој извештај, според кој се одредува не/присуството на Ноќна Апнеа и степенот на сериозност, е AHI индексто – Апнеа Хипоапнеа Индекс, кој го покажува просечниот број на респираторни настани (апнеи и хипоапнеи) на час.
AHI < 5
Немате ноќна апнеа
AHI 5-10
Блага форма на ноќна апнеа
AHI 10-30
Средна форма на ноќна апнеа
AHI > 30
Тешка форма на ноќна апнеа
Технички Карактеристики
- Димензии – 12x6x3 цм.
- Тежина – 50 гр.
- Батерии – 2x ААА