Електричен аспиратор AEROsuc HUM

15,746.00 ден

 

Електричниот аспиратор на HUM, кој подеднакво успешно може да се користи како во домашни така и во болнички услови, е наменет за отстранување на секрети и течности од респираторниот тракт или инфицирана материја од отворени рани.

Описание

AEROsuc ги комбинира целосната санитарна безбедност со сигурноста и квалитетот на сите продукти од серијата AERO на HUM.

Мобилност и слобода за корисниците и помошниците

  • Пренослив и упростен уред – лесно и брзо транспортирање и складирање – тежина од само 2.4 кг.
  • Лесно пренесување на уредот – рачка и торба за транспортирање

Сигурност и безкопромисен работен режим:

  • „Пистон“ пумпа која нема потреба од оддржување
  • Отпорен и сигурен компресор
  • Максимален вакум:0.7 bar (530 mmHg)
  • Висок капацитет на проток: > 20 l/min
  • Ниско ниво на бучава: 55 dB +/- 5%
  • Погоден за примена како во усната шуплина, така и во фарингеалната зона

Сад со заштита од преполнување

  • Капацитет: 1000 ml
  • Ознака за нивото на исполнетост: во интервали од по 100 ml.
  • Капакот има отвор којшто се заклучува и служи за брзо вадење и празнење на садот
  • Соединувач кон пациентот кој исто така се заклучува
  • Лесно чистење
  • Наменет за еден корисник, за многукратна употреба
  • Филтер за спречување на контаминација


Лесно достапен контролен панел

  • Сите контролни елементи се комбинирани во еден панел
  • Добро означено и лесно воочливо копче Вклучи/Исклучи
  • Манометар со дисплеј во мерни единици bar и mmHg
  • Регулирање на вакумот без различни степени
0

Start typing and press Enter to search

Електричен аспиратор AEROsuc