Пренослив концентратор за кислород Inogen One G3

220,100.00 ден

Inogen One G3 е пренослив концентратор за кислород, произведен во САД кој на своите корисници им овозможува целосна слобода, мобилност и независност.

Описание

Независно од својата екстремно мала тежина – 2.150кг, Inogen One G3 е доволно моќен за да обезбеди ефективна ритмична кислородна терапија во секое време, дури и во текот на ноќта. Концентраторот е достапен со AC и DC кабли за напојување и вградени батерии – идеално решание за активните корисници – 24 часа дневно, 7 дена во седмицата. Компактниот и лесно пренослив концентратор, им овозможува на своите корисници независност и ефективна терапија, како во домот така и за време на нивните патувања. Стилизираниот надворешен изглед го елиминира чувството дека носите медицинско помагало, а благодарение на минималистичкиот дизајн лесно може да го носите и во една рака!

Со интелигентната технологија за доставување на кислород и 4 режими на проток,
Inogen One G3 е способен да доставува кислород и да ја одржува сатурацијата на пациентот, подеднакво ефективно како и апаратите со континуиран проток. Концентраторот произведува повеќе кислород за килограм од сите претходни серии и нуди подолг живот на батериите. Одобрен е од FAA за употреба во авион, воз или на брод. Inogen One G3 нуди единствено решение за секојдневна континуирана употреба, елиминирајќи ја потребата да патувате со цел комплет од медицинска опрема – се што ви треба е собрано во еден мал пакет. Можете да го наполните Вашиот  Inogen One G3 со помош на полнач од 220V, DC излез – познат како „полнач за запалка“, коишто можат да се најдат во повеќето автомобили, или со помош на батерии. Концентраторот е достапен со два вида на батерии – 8 јадрени, кои можат да го наполнат до 4 часа, и 16 јадрени со кои полнењето трае до 8 часа.

Батерии

– Концентраторот е достапен во две варијанти, со 8 јадрени и 16 јадрени батерии, со 4 и 8 часовен капацитет соодветно.

– Батериите не треба да се оставаат празни подолг временски период

– Батериите можат да се полнат со стандарден полнач и со полнач за автомобил

– Батериите треба да се чуваат на студено и суво место

– Животот на батериите е 500 циклуси

 

Гаранција

– На концентраторот: 3 години
– На функционалната единица: 1 година
– На батериите: 1 година

Во случај на технички проблем за време на периодот под гаранција, бесплатно ќе Ви биде доставен нов заменски апарат, до отстранување на проблемот, за да не дојде до прекин на терапијата.

 

1

Start typing and press Enter to search

Пренослив концентратор за кислород Inogen G4