Описание
Концентраторот работи со литиум-јонски батерии кои можат да работат до 5 часа со едно полнење (при концентрација на кислород до 3л./мин во ритмичен режим).
На пат со Eclipse
Eclipse 5 поседува FAA сертификат којшто му дозволува да патува со речиси сите авиокомпании. Можноста на апаратот да се полни со помош на полнач за автомобил (вклучен во цената) го прави уште попрактичен како за кратки, така и за подолги патувања. Исклучително иновативниот и упростен дизајн на овој концентратор за кислород го прават не само екстремно лесен за употреба туку и економичен.
Целосна слобода
Eclipse 5 им овозможува на своите корисници слободно движење, работење и одмор, без да го наруши квалитетот на терапијата. Количката за лесно тренспортирање е ултра практична и овозможува максимална мобилност на концетраторот за кислород. Упростениот дизајн на концентраторот го прави исклучително лесен и удобен за користење дури и по 24 часа на ден.
Режими на работа
Овој пренослив концентратор на кислород може да работи во два режима (според начинот на доставување на кислородот):
– Континуиран – во овој режим апаратот извршува континуиран проток од концентрираниот кислород кон пациентот, од 1 до 3 литри во минута
– Ритмичен – ритмичниот режим на работа на апаратот нуди 9 степени на контрола, кои го регулираат протокот од 16 до 192 мл. кислород, на секое вдишување
Батерии
Иновативната технологија на полнење на Eclipse 5 овозможува литиум-јонските батерии да се полнат со стандарден AC полнач, но и со DC полнач (за автомобил), дури и за време на работа. Времетраењето на работењето со едно полнење, варира во зависност од режимот на работа и концентрацијата на доставениот кислород
Батериите можат да издржат и до 5.5 часа работење во ритмичен режим, при концентрација 1л./мин, и до 3.5 часа во режим на континуиран проток, со истата концентрација.
Гаранција
– На концентраторот: 3 години
– На функционалната единица: 1 година
– На батериите: 1 година
Безбедност
Апаратот поседува интегрирани алармни системи за:
- Недостиг на полнење
- Потрошена батерија
- Проток на кислород вон номиналните вредности
- Недостаток на воздух
Сензор за индикација на концентрацијата на кислород:
- Зелено светло=Нормална
- Жолто=Внимание <85%
- Црвено трепкање=Предупредување <70%